SIEM REAP, CAMBODIA - FEBRUARY 18: Angelina Jolie (left) and producer Rithy Panh (center) chat with actors before holding a press conference ahead of the premiere of their new film "First They Killed My Father" set up at the Raffles Grand Hotel D'Angkor on February 18, 2017 in Siem Reap, Cambodia. Angelina Jolie is in Siem Reap for the world premiere of her new movie, "First They Killed my Father," a Netflix-produced adaption of the autobiography by the same name penned by Loung Ung, who lived through the Khmer Rouge regime as a young child. The film will be screened Saturday night in the Angkor Wat temple complex, and released later this year on Netflix. (Photo by Omar Havana/Getty Images)

Актерката и режисерка Анџелина Џоли е критикувана за начинот поради кој ги бирала децата во филмот „First They Killed My Father“. Таа доби жестоки критики на социјалните мрежи.

За Vanity Fair Џоли изјави дека децата за филмот ги барала во домови за сирачиња, во училишта за сиромашни деца, па дури и во циркуси бидејќи сакала да пронајде деца кои имале тежок живот. Но, методите на кои се бирани децата се сурови.

„За да пронајдат дете кое би го толкувало ликот на Лунг Унд, кастинг режисерот поставил сурова игра: ставал пари на маса пред детето и од него барал да размисли за што му се потребни и потоа да ги украде. Тогаш режисерот се преправал дека го фаќа малиот крадец, а од детето се барало да измисли лага, односно оправдување.

Единствено Среј Мок, девојчето одбрано за улога во филмот, долго време гледало во парите. Кога било принудено да ги врати, било преплавено од емоции. Кога ја прашале за што и требаат парите, детето одговорило за погребот на дедо ѝ.

Ваквиот опис на кастинг наиде на критики во јавноста поради емоционалната болка што им се нанела на децата, кои претходно имаат доживеано тешки трауми.