Еден ден по изгласувањето на потребата за предлог-законот за употребата на јазиците, опозицијата бара јавна расправа во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ настојува во расправата да се вклучат експерти и професори по лингвистика, кои според нив, би му помогнале било на мнозинството, па и на опозицијата во подготвувањето на амандманите.

Но, мнозинството не го поддржува овој предлогот на опозицијата, кој според нив е реакција „пост-фестум“. Мнозинството преферира јавна дебата.

Според собранискиот Деловник, законодавецот по општата расправа, може да одлучи за некој закон да се одржи јавна дебата и да одреди матично работно тело кое ќе ја организира. Второто читање за предлог-законот за употреба на јазиците ќе започне на 22 ноември во Комисијата за европски прашања, каде партиите ќе ги предложат своите амандмани.