Европската Комисија и Македонија се согласија дека има итна потреба за конкретни резултати од реформите во судството, кое треба да биде независно. Побарана е и одговорност за прислушувањата, како и реформи во службата за разузнавање. На средбата за Договорот за стабилизација и асоцијација посветен на системот за правда и внатрешни работи која се одржа во Скопје меѓу претставниците на ЕК и Македонија, посебен акцент беше ставен и на планот на владата за реформите наречени „3 – 6 – 9“. Реализирањето на овие мерки ќе биде основа за понатамошни преговори со Комисијата.

ЕК ја истакна потребата за формирање на нови раководни тела во судството, во Советот на судии и во Советот на јавни обвинители и да овозможат независно судството, штитејќи ги судиите и обвинителите од можни политички влијанија. Комисијата исто така ја истакна потребата за реформи во службата за разузнавање и следењето на комуникациите, во линија со препораките. Понатаму е барано правна одговорност за криминалните дела кои произлегуваат од прислушуваните материјали, а се дискутирало за напредокот во покренување на истрагите за корупција од високо ниво и мерките за запленување на богатствата.

ЕК понуди помош за детално разгледување на усвојувањето на законите и стратешките документи за реформите во судството. Врз земјата се прави притисок со цел потребата за реформи да се планира соодветно, темелејќи се на анализата на недостатоците. Треба консултациите да бидат транспарентни и инклузивни и соодветни финансиски извори да се лоцираат кај актерите за да се дозволи нивното целосно спроведување. ЕК утврди дека има подобрување во областа на медиумите и ги охрабри понатамошните реформи, како и промовирање на слободата на изразување.