Експлозијата се случила околу 23 часот, во стан на прв кат на улицата „Сатеска“, кога дошло до силна детонација што предизвикала и материјална штета на објектот и на возилата паркирани во непосредна близина, како и вознемиреност кај жителите на станбената зграда.

Набргу по детонацијата на самото место пристигнала екипа на територијалната противпожарна единица која го изгаснала пожарот, како и полиција која изврши увид што треба да ги покаже причините и околностите за настанот. Првично се проценува дека станува збор за експлозија на неисправна боца за плин.

Инаку, повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид со полесни телесни повреди и е надвор од животна опасност.