Според истражувањето објавено во Archives of Sexual Behaviour, Американците после 2010 година во просек имале девет сексуални односи помалку отколку во деведесеттите години.

Националното истражување за ставовите и навиките во сексот спроведено во Велика Британија покажало дека Британците исто така станале помалку сексуално активни и дека луѓето на возраст помеѓу 16 и 44 години, наместо 6,3 пати претходно, сега во просек водат љубов помалку од пет пати месечно.

Во Јапонија, 46% од жените и 25% од мажите на возраст помеѓу 16 и 25 години, воопшто немаат секс.

Кои се причините?

Се смета дека една од причините е порно индустријата, која станала замена за реалниот живот. Некои ги обвинуваат друштвените мрежи и сметаат дека можат да го намалат интересот за секс.

Некои ја обвинуваат стресната работа, бидејќи стресот и исцрпеноста можат да влијаат на сексуалната желба. На ова се надоврзува и фактот дека западните општества во последните децении претрпеа епидемија на ментални пореметувања како депресија и анксиозност.

Очигледно, причините се повеќе: стресот и незадоволството од работата, општествената несигурност, зависноста од технологијата и краткотрајните уживања, кои во наредниот период сигурно ќе ја изменат општествената динамика на глобално ниво. Какви ќе бидат последиците, допрво ќе видиме.