Маската „Anonymous“ е симбол на познат историски борец против монархистичката власт во Англија – Гај Фокс.
Приказната започнува со обидот на британските католиците да го симнат од власт протестантскиот крал Џејмс VI. Всушност, во тоа време во 17 век, католиците во Велика Британија биле сурово прогонувани од страна на протестантско мнозинство.

Во тоа време да се биде католик било навистина опасно, а сите домови имале тајни засолништа каде се криеле католичките свештеници кое тоа било потребно.

Гај Фокс и неговите соработници во подземни ходници и под британскиот парламент криеле голема количина барут (36 буриња – повеќе од два тони), чекајќи шанса да предизвикаат експлозија кога кралот ќе го посети парламентот.
Меѓутоа тие биле откриени, а Гај Фокс бил заробен и осуден на смрт. Неговата смрт требало да биде изведена на најсуров можен начин, измачување кое требало да служи за пример на останатиот народ.

Anonymous_mask (1)

Фокс успеал да скокне од бесилката , но го скршил вратот. Со тоа се спасил од суровото измачување, но сепак неговото тело било исечено на неколку делови кои биле испратени во различни краеви на царството како предупредување за другите.
Денес Гај Фокс е симбол на отпорот кон централната власт. Неговиот лик е прикажан како „Anonymous“ маска во борбата против цензурата на интернетот.

Познатата маска се стекнува со популарност благодарение на стрип писателот Алан Мур и илустраторот Дејвид Лојд во 80-тите години.

Стрипот во 2005 година со повеќе доработки беше претворен во акционен филм што им се допадна на младите активисти на интернет особено на движењето „Anonymous“ , кога маската  се носеше за време на протестите против Црквата на Скиентологијата во САД.
Со тоа маската станува симбол на ова движење и секоја година се продава во милиони примероци.