Oд крајот на април, епидемијата колера однела 2.127 животи во воено разурнатиот Јемен, информираат од Светската здравствена организација.

Во соопштението на СЗО, од 27-ми април во Јемен се пријавени 767.524 случаи на колера и дека од нив најмалку 2.127 лица починале. Јемен е во граѓанска војна од 2014 година, кога бунтовниците Хуси кренаа востание во голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град. Конфликтот ескалираше во 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања насочена кон ослабување на Хуси и поддршка на борбата на Јеменската влада.

Според Комитетот, повеќе од три милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на вооружениот конфликт во Јемен, додека над 20 милиони имаат потреба од хуманитарна помош.

Колерата, која се пренесува преку заразена вода и предизвикува дијареја и повраќање, е заболување кое лесно се лекува и спречува.