Советот за реформи го разгледал Предлог законот кој треба да обезбеди повторување на судските предмети кои во јавноста се доживеани како „политички мотивирани“ или „монтирани“, меѓу кои се и „Монструм“, „Мартин Нешковски“ и други. Но, ниту експертите ниту пак Министерството за правда засега немаат воедначен став, по таквиот предлог кој стигна од засегнатите граѓани. Во синоќешното гостување на емисијата „360 Степени“ на АЛСАТ М, министерот за правда Билен Саљији кажа дека се уште се бара решение кое ќе биде телото кое ќе одлучува кој судски случај бил, а кој не бил под политичко влијание.