Oдговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време.

Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Радио Слободна Европа.

Одговарајќи на прашањето зошто МВР поднесе кривични пријави против неколку градоначалници во предизборието, Спасовски тврди дека МВР работи според фактите и аргументите и прашањето е зошто случаите биле чувани во фиоки. За прислушувањето министерот Спасовски е дециден, од формирање на новата Влада, не се прислушува нелегално.

„Ние тврдиме одговорно дека во овој период, од формирањето на новата Влада, во Македонија нелегално не се прислушува, и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време, ние стоиме на располагање и сме отворени врз основа на законските прописи да се направат такви контроли, меѓутоа дополнително и кај нас се поставени системи на контрола на целиот систем за да нема субјективности во однос на оваа работа, односно оваа надлежност на Министерството за внатрешни работи”, вели министерот Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа./a