Yтре треба да започне судскиот процес за најголемиот грабеж на пари во историјата на Македонија, кога од сефот на НЛБ „Тутунска банка“ беа украдени 400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.

Претходното рочиште по барање на одбраната беше одложено. Тоа беше второ одложување по првото рочиште од 31 август. Одложувањето беше поради тоа што истражниот затвор во Шутка не спроведе тројца од обвинетите.

Основното јавно обвинителство по спроведување истрага во јуни поднесе обвиненија против 8 лица. Според обвинението, од 31 март до 8 април годинава првите четворица обвинети во неколку наврати со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција ги украле парите од банката. Уапсен беше првообвинетиот, вработен во трезорот, Бобан Смилевски./а