Песната „Деспасито“ на Порториканеците Луис Фонси и Дади Јенки, која со нејзиниот ритам го освои светот, вчера стана најслушана песна на интернетските платформи на сите времиња.

Дискографкста куќа која песната ја издаде, Universal Music Latin Entertainment, објави дека „Деспасито“ во оригинална верзија, како и во ремикс верзиите, достигна 4,6 милијарди прегледи на итнернетските платформи, вклучувајќи и ЈуТуб и Спотифај.

„Деспасито“, полна со сексуални алузии, се појави во јануари, а стана популарна во април, кога во еден ремикс се појави поп ѕвездата Џастин Бибер. Го симна од престолот „Sorry“ на Џастин Бибер, која имаше 4,38 милијарди прегледи.

„Деспасито“ помина десет дена на врвот на американската топ листа, станувајќи прва песна на шпански кој го достигна тој ранг после „Макарена“ во 1996 година.