Sunday, October 22, 2017
Home Blog

Колерата во Јемен безмилосна – Од април однела 2.127 животи

0

Oд крајот на април, епидемијата колера однела 2.127 животи во воено разурнатиот Јемен, информираат од Светската здравствена организација.

Во соопштението на СЗО, од 27-ми април во Јемен се пријавени 767.524 случаи на колера и дека од нив најмалку 2.127 лица починале. Јемен е во граѓанска војна од 2014 година, кога бунтовниците Хуси кренаа востание во голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град. Конфликтот ескалираше во 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања насочена кон ослабување на Хуси и поддршка на борбата на Јеменската влада.

Според Комитетот, повеќе од три милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на вооружениот конфликт во Јемен, додека над 20 милиони имаат потреба од хуманитарна помош.

Колерата, која се пренесува преку заразена вода и предизвикува дијареја и повраќање, е заболување кое лесно се лекува и спречува.

Трет обид за судење за грабежот на Тутунска банка

Yтре треба да започне судскиот процес за најголемиот грабеж на пари во историјата на Македонија, кога од сефот на НЛБ „Тутунска банка“ беа украдени 400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.

Претходното рочиште по барање на одбраната беше одложено. Тоа беше второ одложување по првото рочиште од 31 август. Одложувањето беше поради тоа што истражниот затвор во Шутка не спроведе тројца од обвинетите.

Основното јавно обвинителство по спроведување истрага во јуни поднесе обвиненија против 8 лица. Според обвинението, од 31 март до 8 април годинава првите четворица обвинети во неколку наврати со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција ги украле парите од банката. Уапсен беше првообвинетиот, вработен во трезорот, Бобан Смилевски./а

Спасовски: Одговорно тврдам дека во МВР веќе не се прислушува нелегално

Oдговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време.

Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Радио Слободна Европа.

Одговарајќи на прашањето зошто МВР поднесе кривични пријави против неколку градоначалници во предизборието, Спасовски тврди дека МВР работи според фактите и аргументите и прашањето е зошто случаите биле чувани во фиоки. За прислушувањето министерот Спасовски е дециден, од формирање на новата Влада, не се прислушува нелегално.

„Ние тврдиме одговорно дека во овој период, од формирањето на новата Влада, во Македонија нелегално не се прислушува, и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време, ние стоиме на располагање и сме отворени врз основа на законските прописи да се направат такви контроли, меѓутоа дополнително и кај нас се поставени системи на контрола на целиот систем за да нема субјективности во однос на оваа работа, односно оваа надлежност на Министерството за внатрешни работи”, вели министерот Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа./a

 

Златна „Камера 300“ за кинематограферот од Унгарија Марсел Рев

арсел Рев од Будимпешта, кинематографер во филмот „Месечината на Јупитер“ на водечкиот режисер Корнел Мундрузо, кој годинава се натпреваруваше и на фестивалот во Кан, е годинешен добитник на наградата златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Претседателот на меѓународното фестивалско жири, норвежанецот Пол Рене Ростад, вели дека унгарскиот кинематографер Марсел Рев наградата ја добил заради визуелната енергија и исклучителната креативност во пренесувањето на приказната низ моќни слики.

Не подготвив говор. Не очекував дека ќе добијам вака високо признание. Конкуренцијата за награди беше голема, а јас се чувствувам прекрасно што сум тука, честитам на сите. Прекрасно беше да се биде во Битола и благодарам на битолската публика. Оваа награда му припаѓа на целиот тим што го подговуваше филмот, истакна Рев.

Тој дипломирал на Унгарската академија за филм и драма, отсек кинематографија и освен филмот „Месечината на Јупитер“ во својата кариера снимил 10 филмови од кои 5 се долгометражни.

Меѓународното фестивалско жири одлучи сребрената „Камера 300“ да му ја додели на кинематограферот Рајнер Клаусман во чии раце беше камерата за филмот „Од ништо“, бронзената „Камера 300“ ја доби кинематограферот Дејан Димески кој го снимаше филмот „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ, наградата мала златна „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Наум Доксевски за краткиот македонски филм „Види ја ти неа“, а специјално фестивалско признание му беше доделено на кинематограферот од Русија, Данил Фомичев.

На вечерашното свечено затворање на фестивалот, министерот за култура Роберт Алаѓозовски на македонскиот режисер Милчо Манчевски му додели специјална награда златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и истакна дека овој единствен фестивал посветен на браќата Манаки кои во Битола ги создадоа нивните драгоцени снимки овозможува како што рече министерот Алаѓозовски, ние преку нив и ден денеска се легитимираме во светот давајќи и на Битола култен статус, како место каде што се свртела првата камера на Балканот./м

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНO ИНТЕРВЈУ/ Хасани: Тетовската интервентна кардиологија спасува многу животи

октор Ваљон Хасани- специјалист интернист кој субспецијализира кардиологија, веќе 4 години работи на одделот за Интервентна медицина во Тетовската болница.

Бојана Симоновиќ

Со оглед на тоа што кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртност во Македонија, доктор Хасани секојдневно се соочува со голема одговорност и крои судбини…

Кардиологот Хасани, во интервјуто за „Post.mk“ откри како минува еден ден во кардиологија и со какви случаи се има сретнато во досегашното негово работење.

Целосното интервју можете да го проследите на следниот линк:

Амди Бајрам: Животот беше со нас, не со нив, Роми останете лојални на ВМРО-ДПМНЕ

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го одржа во Тетово, се обрати и нивниот коалициски партнер Амди Бајрам, кој вели дека сите треба да гласаат за оваа партија, бидејќи таа се грижи сите националности да бидат сплотени.

Животот беше со нас, не со нив. За тоа, сите роми од Тетово и околината, заедно со мене и другите ромски политички партии треба да останат лојални на ВМРО-ДПМНЕ и со вас народот. Разочарани сте многу, но на 15 октомври сите ќе се развеселиме. Како ќе се развеселиме? Со број 13. Да излеземе заедно да гласаме и да славиме заедно. А по гласањето, ќе бараме нови парламентарни избори, рече Бајрам./м

(ВИДЕО) ЕКСЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ: Саша Богдановиќ: Сѐ што ќе се прави во Центар ќе биде во интерес на граѓаните

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Центар во интервју за Post.mk вели дека доколку народот го избере за да ја води оваа општина, ќе ги реши најголемите проблеми на Центар  и ќе им обезбеди на жителите простор за паркирање во секое време, повеќе зелени површини, нови училишта и градинки и тоа за повеќето проекти со пари од касата на општината. Ова се само дел од темите на кои што зборува Богдановиќ.

Целосното интервју можете да го проследите во продолжение.

Разговорот го водеше новинарката Елена Бошковска Крстевска.

Груевски од Тетово: Народот може да направи разлика – кој ги штитеше националните интереси, а кој ни ја менува историјата

Ако народот се прашуваше на изборите, ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата ќе беше на чело на владата, но овој пат се случи нешто друго и сега живееме во помрачување, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од митингот во Тетово.

Ако бараме добро во тоа зло што и се случи на Македонија, добро е што народот може да направи разлика. Од времето кога се работеше и се создаваше, кога се градеше и се решаваа проблеми, кога се зацврстуваше државата и кога се бранеа националните и државните интереси. И да се направи разлика со ова време кога незаконски се работи и насилнички, кога се работи спротивно на волјата на народот, кога се склучуваат штетни договори како оној со Бугарија каде се прифати да се менува историјата на македонскиот народ, каде што се прифати да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија и каде се направија отстапки на штета на Македонија, се прават максимални обиди да се донесат неуставни закони, време во кое едно се зборува, а друго се прави, порача Груевски.

Тој потсети дека СДСМ зборуваше дека нема да донесат мигранти во Македонија, а направија стратегија да се донесат 150.000 мигранти.

Во секое зло може да се најде по нешто добро. Да се направи разлика од времето кога растеше економијата, извозот, растеа девизните резерви, кога индустриското производство беше континуирано во раст. И да се направи разлика со денес кога има пад на индустриското производство, кога се запрени сите градежни проекти и економијата паѓа, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека кога тие беа на власт субвенциите, платите, пензиите, социјалната помош растеа, а сега кога СДСМ е на власт субвенциите се условени, платите намалени. Ги обвини СДСМ дека донеле време на помрачување и дека наместо да привлекуваат нови инвеститори тие се грижат само за личните фирми каде се газди./м

Заев од Кавадарци: Ќе го изградиме винскиот пат

Ќе го изградиме винскиот пат кој ќе биде паралелна обиколница овде се до улицата „Дисанска”. Ќе бидат наредени објекти за дегустација на тиквешкото вино. Со тоа ќе се промовира производството и ќе се привлечат туристи. Ова го истакна лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Кавадарци.

Лозарството и винарството, рече, се голема предност на целиот Тиквешки регион и таа предност мора да се искористи и за развој на туризмот и промоција на овој крај и производите во него.

Заев нагласи дека Тиквешијата живее од лозарството и земјоделското производство и ја вети својата поддршка. Затоа што, како што додаде, ако лозарите добро живеат, добро ќе живее и целата Тиквешија.

Да се гордееме со тоа што ќе го произведеме. Само на тој начин со дополнителна промоција ќе обезбедиме нови пласмани за нашето грозје и вино. Мораме да работиме заедно сплотени за да можеме да донесеме достоинствен живот за цела Тиквешија, рече Заев.

Секогаш, додаде, ќе се залага за подобар живот на кавадарчани и на лозарите. Притоа ја повтори најавата од Неготино за дополнителна државна помош од два денари за килограм грозје предадено во домашните винарници, поради лошата година.

За само три месеци исплативме 68 милиони евра за земјоделски субвенции. Осум милиони евра стигнаа овде директно за лозарите. Дополнително помогнавме преку винарските визби. На тринаесет винарници со 700 илјади евра кои учествуваат во покачената цена за грозјето. Направивме напори со винариите кои должат да ги исплатат обврските од претходните години. И почна таа исплата, останаа уште многу мали средства кои до крајот на годината ќе бидат исплатени, порача лидерот на СДСМ.

Вети гасификација на Кавадарци, современ покриен пазар, комунална изградба и многу други проекти. Најави поддршка за стопанството заради повеќе вработувања и поголеми плати. Ќе се стори се, рече, Фени да работи и да дава плати.

Пред присутните се обрати и кандидатот за градоначалник Бетиане Китев. Како приоритети на идната локална самоуправа ги спомена гасификацијата, модерен затворен пазар, нова детска градинка, три ниви кружни текови, комплетирање на колекторскиот систем, велосипедска патека како и многу други проекти за подобар живот во Кавадарци и населените места од општината./м

Почина родилка во Тетово, бебето во критична состојба

Cиноќа во тетовската болница починала родилка која била донесена околу полноќ на клиниката со висок притисок и влошена здравствена состојба.

Од Министерствотоза здравство соопштија дека при прегледот било константирано дека породувањето веќе започнало. Во болницата веднаш било постапено според протоколот, меѓутоа за кратко време пациентката паднала во кома, а дежурните лекари во меѓувреме ја породиле. Направена е и реанимација, но пациентката не давала знаци на живот по што била констатирана смрт.

Бебето во меѓувреме е префрлено и згрижено на Детската клиника во Скопје.Тоа се наоѓа на Одделот за интензивна нега, но неговата состојба е критична./м

Продолжува проблемот со недостиг на учебници

И по еден месец од почетокот на новата учебна година, учениците од основните училишта во земјава се соочуваат со недостиг на учебници. Неколкуте книги кои пристигнале во рацете на учениците, се многу оштетени. Родителите се жалат дека на некои од книгите кои училиштата им ги дале на учениците им недостасуваат страници, а ова го отежнува учењето.

„Ќерка ми се уште не добила книги, помина еден месец, а книги нема. Инаку и тие книги кои ги има се премногу оштетени. Цело време велат ќе ги добиете, а ние чекаме. Има книги кои немаа многу страници и се премногу оштетени.“

„Внук ми не добил книги, бидејќи нема. И треба да се снабдува на друг начин. Значи, подоцна ќе ги добие, бидејќи не ги добил сите книги“, рекоа анкетираните родители.

Едно од училиштата кое се соочува со овој проблем е „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје. Раководителите велат дека имаат поднесено барање до Министерството за образование и наука за набавка на книги, но досега не добиле одговор. Од друга страна, пак, најавуваат казни за родителите кои им дозволуваат на децата да ги вратат книгите во училиште со големи оштетувања.

„Секоја година е истото, секоја година имаме проблеми со книги, секоја година имаме проблеми со оштетени книги. Родителите се жалат, но исто така има и родители кои не ги контролираат своите деца колку ги оштетиле книгите. Ние доставивме до Министерството за образование точен број на книги кои ни фалат поради оштетувања и зголемување на бројот на ученици, но се уште не сме ги добиле оние книги кои ни се потребни“, вели Мукадес Даци, педагог.

Алсат се обиде да контактира со Министерството за образование и наука за овој проблем, но надлежните за контакт со медиумите не одговараат ниту на прашањата испратени по електронска пошта.

Како настанала маската „Anonymous“

0

Маската „Anonymous“ е симбол на познат историски борец против монархистичката власт во Англија – Гај Фокс.
Приказната започнува со обидот на британските католиците да го симнат од власт протестантскиот крал Џејмс VI. Всушност, во тоа време во 17 век, католиците во Велика Британија биле сурово прогонувани од страна на протестантско мнозинство.

Во тоа време да се биде католик било навистина опасно, а сите домови имале тајни засолништа каде се криеле католичките свештеници кое тоа било потребно.

Гај Фокс и неговите соработници во подземни ходници и под британскиот парламент криеле голема количина барут (36 буриња – повеќе од два тони), чекајќи шанса да предизвикаат експлозија кога кралот ќе го посети парламентот.
Меѓутоа тие биле откриени, а Гај Фокс бил заробен и осуден на смрт. Неговата смрт требало да биде изведена на најсуров можен начин, измачување кое требало да служи за пример на останатиот народ.

Anonymous_mask (1)

Фокс успеал да скокне од бесилката , но го скршил вратот. Со тоа се спасил од суровото измачување, но сепак неговото тело било исечено на неколку делови кои биле испратени во различни краеви на царството како предупредување за другите.
Денес Гај Фокс е симбол на отпорот кон централната власт. Неговиот лик е прикажан како „Anonymous“ маска во борбата против цензурата на интернетот.

Познатата маска се стекнува со популарност благодарение на стрип писателот Алан Мур и илустраторот Дејвид Лојд во 80-тите години.

Стрипот во 2005 година со повеќе доработки беше претворен во акционен филм што им се допадна на младите активисти на интернет особено на движењето „Anonymous“ , кога маската  се носеше за време на протестите против Црквата на Скиентологијата во САД.
Со тоа маската станува симбол на ова движење и секоја година се продава во милиони примероци.

Саљији: Се бара решение за предлогот околу „монтираните случаи“

Советот за реформи го разгледал Предлог законот кој треба да обезбеди повторување на судските предмети кои во јавноста се доживеани како „политички мотивирани“ или „монтирани“, меѓу кои се и „Монструм“, „Мартин Нешковски“ и други. Но, ниту експертите ниту пак Министерството за правда засега немаат воедначен став, по таквиот предлог кој стигна од засегнатите граѓани. Во синоќешното гостување на емисијата „360 Степени“ на АЛСАТ М, министерот за правда Билен Саљији кажа дека се уште се бара решение кое ќе биде телото кое ќе одлучува кој судски случај бил, а кој не бил под политичко влијание.

„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија

0

Хју Хефнер можеби и не бил еден од поистакнатите автомобилски ентузијасти, но секогаш ги имал најдобрите автомобили. Куриозитетот за неговото списание, кој што малкумина фанови го знаат, е тоа дека името го добило според една автомобилска компанија, која не успеала да заживее.

„Плејбој Оутомобил Компани“ (Playboy Automobile Company) е основана во 1947 година во Бафало, Њујорк. Сепак, нејзиниот „животен век“ траел само четири години, и за периодот 1947 – 1951 тие произвеле само 97 автомобили.

Две години по колапсот на фирмата, во 1953 година Хефнер го основа списанието „Плејбој”.

Првата „Зајачица на годината” во 1953 година беше Лиса Винтерс. Од 1964 година, таа титула почна да носи автомобил како награда за среќната добитничка. Дона Мишел е првата „Мис зајачица”, која во 1964 година доби розов кабриолет Форд Мустанг.

Македонската економија во сериозни проблеми со конкурентноста

Политичките партии мора да преземат крупни чекори со јасна визија за да се зголеми можноста за развој на земјата, велат економските експерти за Алсат М. Според професорот Никола Поповски, странските иневститори ја гледаат и нестабилноста на институциите, што дополнително влијае на економскиот раст. Вели дека клопчето мора да почне да се одмотува, па дури и тоа да значи губење на политички поени преку заострување на критериумите.

„Сопствениците на финансискиот капитал се многу претпазливи, повеќе би сакале да имаат сигурни, па и ниски приноси, отколку ризик со повисоки приноси, нови работни места, извоз, високи технологии кои може да завршат негативно. Е сега, зошто они имаат такви ризици, затоа што институциите ни се лоши, затоа што имавме политичка нeстабилност, значи магичен круг од кој некогаш мора да се излезе. И тука нормално дека луѓето кои ја водат земјата, мора многу стабилно и многу постепено да почнат дел по дел да ги решаваат проблемите, без брзање со јасна визија некаде на крајот каде треба да излеземе“, рече Никола Попоски професор и поранешен министер за финансии.

Неповолната конкурентност на македонскиот финансиски пазар се најде и во претпоследниот извештај на Светскиот економски форум, каде најпроблематични фактори за водење бизнис беа политичката нестабилност, пристапот до финансискиот пазар и неадекватните вештини и знаења на работната сила. Во последниот извештај, Македонија ја нема на листата. Според претседателот на Центарот за економски анализи Марјан Николов, земјата десет години се соочува со истите проблеми, кои економскиот напредок постојано е доведуван под знак прашалник.

„Македонската економија се уште како основни проблеми за водење на бизнис, т.е. за добра бизнис клима ги има проблемите со политичката стабилност, пристап до финансиски пазар, јаз меѓу производот од системот на образование и потребите на пазар на работна сила, како и лошата цврста инфраструктура“, оцени Марјан Николов, Претседател на центар за економски анализи.

Според него, тоа значи дека политичките елити во период од повеќе од 10 години не постигнале значаен успех во креирање на поволна бизниз клима, а финансискиот пазар се сведува само на олигополско банкарство со рудиментни производи кои почиваат на класичниот кредит. Експертите заклучуваат и дека неопходна е темелна реформа во образованието, за да може инвеститорите да добијат соодветни кадри, а не работна сила која потоа мора да ја дообучуваат.

Еве зошто Србија е бесна на Македонија и ги повлече своите дипломати

0

Според извори на „Макфакс“, официјален Белград имал информација дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.

Сите прозорци во амбасадата се затемнети, а пред неа има зголемено полициско присуство. Неофицијално, се дознава дека, освен персоналот, се однесени и технички сретства и сите документи од Амбасадата.

Драма во Идризово: Вооружени и маскирани лица пукале во затворот

0

Две вооружени маскирани лица синоќа нешто по 21 часот пукале во воздух и се обиделе да влезат во женскиот дел во затворот во Идризово. Информацијата за МКД.мк ја потврди и директорот на затворот, Ќерим Махмути. Директорот демантира дека се работи за обид за бегство и вели дека состојбата во затворот е под контрола. По двете лица се трага.

-Точно е дека имаше пукање. Две лица од задната страна на затворот, преку нивите се обиделе да се доближат во женскиот дел на затворот. Но, чуварите веднаш интервенерале. Двете лица испукале еден куршум во воздух и никој не е повреден. По настанот двјцата побегнале. Не се работи за обид за бегство и состојбата овде во затворот е мирна , изјави за МКД.мк директорот на Идризово Махмути.

Тој додава дека инцидентот е пријавен во МВР и истрагата ќе треба да покаже кој и зошто со оружје во раце се обидел да влезе во затворот и дали требало на некој осуденик или осуденичка да му се побегне во обид за бегство.

Во Струмичко повредени 15 лица во судир на два автобуси и две возила

0

Петнаесет лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера се случила на локалниот пат меѓу селата Банско и Муртино, а во која учествувале два автобуси, теренско возило и еден автомобил.
Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 14:20 часот.

-Во несреќата учествувале автобус „Ванхул“ управуван од Б.К. (62), автобус „Неоплан“ управуван од Ѓ.Ј.(59), теренско возило „Опел комбо“ со кое управувал 51 годишниот М.М. од село Радово и автомобил „Опел зафира“ која ја возел 26 годишниот Р.И. од Радово, информираат од полицијата.

Со тешки повреди во несреќата се здобил возачот на „Комбото“ М.М. кој по укажаната лекарска помош е задржан во Медицинскиот центар во Струмица. Полесно повредени се сопатник од автомобилот и 13 патници од автобусот „Ванхул“ кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и презема мерки за нејзино целосно расчитување.

Хорор во Македонија: Убиен маж, четири лица повредени

0

Крвава ноќ во Велес. Маж влегол во куќата на соседот и го убил, а повредил уште четири лица, сите членови на едно семејство.

Убиецот е приведен од страна на полицијата. Наскоро поопширно…

Еве како Милан ѝ одговори на Шкендија за видеото (ФОТО)

0

Тетовци вчера објавија видео во пресрет на натпреварот со Милан, а тоа видео го привече вниманието на јавноста и медиумите во земјата, но и во регионот.

Видеото стигна и до официјален Милан, па откако го видеа видеото, од официјалниот профил на клубот беше оставен коментар на Фејсбук.

-Здраво Шкендија. Голем дух за здраво натпреварување! Ќе ни биде задоволство да ве пречекаме на Сан Сиро во четврток. Се гледаме пријатели, гласеше коментарот на италијанскиот клуб.

Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици!

0

Ова е листата на 15 најчудни работи за кои ми требаше доста време да ги сфатам, пишува таа:

1. Македонците со ракија лечат се! Имате проблеми со затнат нос? Помирисајте ракија! Ве каснал комарец? Ставете ракија на местото. Прозорците на автомобилот ви се нечисти? Земете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.

2. Македонците секогаш ќе ве прашаат колку пари чини нешто. Имаш нов часовник? За колку пари го купи? Нов автомобил? Колку пари чинеше? Изгледа ова е многу важно прашање овде.

3. Сè се врти околу храната. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера?

4. Заради некоја причина совршено нормално е да имате теписи насекаде, и тоа во сите големини и форми. Дури и подот во кујната често е прекриен со тепих.

5. Сите имаат прекар кој ни малку не потсетува на нивното реално име. Но повторно, повеќето Македонци не се многу креативни во погледна имињата. Најчести имиња тука се Александар и Ана. Така што, да, мора да има прекар за да не го викнете случајно погрешниот Александар…

6. Секогаш се жалат дека немаат пари, а сепак во кафулињата нема каде да седнеш.

7. „Промаја“ е всушност провев во куќата и според постарите генерации нешто кое сигурно ќе ве разболи и е многу лошо, па затоа чувајте ги вратите и прозорците затворени!

8. Не разбираат “не можам повеќе“. Особено бабите во оваа земја ќе ве натераат да се прејадете и во никој случај нема да прифатат „не“ за одговор.

9. Целосно се трансформираат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но штом влезат во автомобил како да добиваат самоубиствени нагони.

10. Тротоарите ги користат за паркирање наместо за движење. И никогаш не возете по десната лента, бидејќи таа е наменета за автобуси и автомобили кои едноставно застануваат овде-онде. Или почнете да возите во рикверц на булевар. И тоа е можно.

11. Кај нив тортата се служи на крајот од роденденската забава и откако гостите ќе ја изедат тортата си одат дома. Во Холандија работите се прават сосема спротивно.

12. Кога Македонците ќе ве поканат во нивниот дом, секогаш однесете нешто, без разлика дали е благо или солено, дури и кога одите на посета кај пријател. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивната гостопримливост.

13. Бурек со јогурт се смета за солиден појадок.

14. Не бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации разбираат шпански. Порано многу гледале шпански серии и го научиле јазикот. Сега се чини дека сите гледаат турски серии, кои се многу лошо синхронизирани.

15. Речиси 40% од населението во Македонија ги троши последните пари во спортските обложувалници. А обложувалници има на секој чекор.

Македонија денеска ќе се задолжи за нови 44,7 милиони евра

0

Државата денеска повторно ќе се задолжи кај домашните кредитори, банки и осигурителни компании за сума од речиси 2 милијарди и 750 милиони денари или приближно 44,7 милиони евра, објавено е на веб-страна на Министерството за финансии.

Станува збор за аукција на 12 месечни државни записи, како и на 5 и 15-годишна државна обврзница. Веќе утре, за враќање достасуваат 32,5 милиони евра, стари долгови.

Детали за убиството на Бојку

0

Педесет и пет годишниот Д.Б. од село Галешта е усмртен вчера додека седел на терасата од ресторанот „Аква Блу“ во Струга, велат од полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи денес излегоа со повеќе детали околу убиството на Дилавер Бојку Леку кој беше застрелан сред бел ден во ресторан на плажа во Струга.

-Непознато лице околу 16:45 часот дошло и испукало еден проектил од огнено оружје кој во погодил Д.Б. во пределот на главата, по што почнало да бега. Веднаш потоа синот на Д.Б. со уште едно лице се стрчале кон него во обид да го фатат, но напаѓачот испукал неколку куршуми и кон нив и избегал, информираат утринава од МВР.

Повредиот, велат од полицијата, бил пренесен во струшката болница, каде по кратко време починал. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Дополнително, додаваат од МВР, од местото подигнати се траги кои се предадени на вештачење, а интензивно се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Во јавноста веќе се шират гласини дека се работи за крвна одмазда. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден биле бројните капачи кои во моментот кога се случил немилиот настан биле на плажата со која убиениот стопанисувал.

Дежурните лекари се обиделе да го спасат Леку кого во струшката општа болница го донеле со приватен автомовил.

–Донесено е лицето Бојку Дилавер од приватни лица, не беше донесен со кола од брза помош. Примен во хируршкото одделение во Струга, видено е кај него прострелна рана во главата. Веќе беше во агонија, односно во биолошка смрт. Иако се обидувавме со анестезиологот дадовме брза интервенција, но не се успеа да се врати во живот, изјави вчера Илми Речи-хирург.

И додека полицијата трага по убиецот, во јавноста актуелни се гласините дека се работи за крвна одмазда. Веста за убиството веднаш ја пренесоа и медиумите од регионот. Српски ,,Телеграф” објави натпис насловен: Убиен еден од главните босови на албанска мафија, некрунисаниот крал на проституцијата на Балканот. Против него од 1979 до 2001-ва година полицијата поднела 17 кривични пријави за проституција но тој прв пат,како што пишува Телеграф, беше уапсен и осуден во 2003-та година. Кога излегол од затвор започнал легален бизнис во туризмот и угостителството.

Пораки до Џафери: Деловникот е најдоброто оружје против диверзантите од ВМРО-ДПМНЕ

0

Талат Џафери, претседателот на Собранието, и парламентарното мнозинство треба да покажат решителност и поголема храброст за да ја окончаат диверзијата на Собранието што речиси два месеца ја спроведува партијата на Никола Груевски.

Вакви пораки веќе една недела јавно упатуваат експерти и поранешни функционери на адресата на собранискиот спикер – го повикуваат како оружје против саботажата на законодавниот дом да го употреби Деловникот, односно членот 33, став 2 кој вели дека „пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии“ и да не дозволи негово двосмислено толкување.

Рафис Алити, поранешен потпретседател на Собранието во изјава за Плусинфо вели дека претседателот на Собранието треба да ги употреби сите деловнички механизми и да го одблокира Собранието. Според Алити, недозволиво е во парламентот да има бесконечно долги дискусии, кои, пред се, не се однесуваат на поставената тема за расправа.

– Сметам дека освен ограничување на дискусиите, претседателот на Собранието треба да го продолжи работното време и после осум часа. Кога во паралементот се расправаше за тетовскиот универзитет Собранието секој ден работеше до доцна во ноќта. И тогаш имаше опструкции и обиди да се блокира работата – се присетува Алити на жестоките и долги расправи за време на донесувањето на Законот за основање на Државниот универзитет во Тетово.

Универзитетскиот професор Тито Беличанец, уште пред десетина дена преку социјалните мрежи упати порака за деблокирање на Собранието преку Деловникот.

– Деловникот на Собранието во членот 33, став 2 е јасен. Само пратеници од различни партии кои немаат пет пратеници можат да формираат пратеничка група, а не пратеници од една партија која има 51 пратеник да формира повеќе од една пратеничка група. Секако дека пратеничка група, покрај пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, можат да формираат пратениците од коалиционите партии на ВМРО-ДПМНЕ. Секое друго толкување ја руши смислата на Деловникот – смета Беличанец.

Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на денот кога опозицијата ги формира пратеничките групи за Плусинфо предупреди дека наместо конструктивно политичко делување на опозицијата ќе се случи диверзија на законодавниот дом. Ваквиот чекор, според Андов, нема никаква политичка логика, но има логика во нешто друго – како да се организира диверзија на законодавниот дом.

Ѓорѓи Спасов, поранешен пратеник и министер за правда, пак, оцени дека Талат Џафери и парламентарното мнозинство мора да демонстрираат моќ и храброст за отстранување на оваа блокада и на многу други што се најавуваат со бројните интерпелации за министрите, иако не поминале ниту 100 дена од формирањето на владата.

– Џафери и парламентарното мнозинство мора да сфатат дека битката со режимот на Груевски не е завршена и ако не се одважеа да ја прекинат блокадата за конститурање на Собранието денес уште не ќе имавме избрано ниту претседател на Собранието ниту Влада – потсетува Спасов.

Порака за укинување на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ со автентично толкување на собранискиот Деловник преку социјалните мрежи упати и Мирјана Најчевска, борец за човекови права и експерт по домашно и меѓународно право.

„Имунитетот на пратениците не им е даден со цел што сакаат да зборуваат, да тресат зелени и да се измотаваат, а за тоа да не трпат никакви последици, туку да можат да одлучуваат, да поставуваат на дневен ред и контраверзни теми, да ги застапуваат интересите на миноризирани групи, да отвораат расправа за прашања кои се проблематични за голем дел од граѓаните. Значи, во случајов не станува збор за заштита на некое право да се биде глуп и за тоа да не се сносат никакви последици, туку за право да се биде вистински репрезент на што е можно поголем број граѓани“, порача Најчевска.

Надмудрувањето на пратениците продолжи и денеска на десеттото продолжение на расправата за разрешувањето на Зврлевски. Опозицијата со реплики и контрареплики упорно тврдеше дека има поважни прашања за расправање (пожари, депонии, интерпелации) отколку да се дебатира за работата на јавниот обвинител.

Жена паркираше и падна со автомобилот од седми кат

0

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа обидот на жителка на американскиот град Остин да паркира во катна гаража. Нејзиното возило паѓа од голема височина и за малку ќе смачкаше друг автомобил, кој се движел долу на тротоарот.

Вилијам Бирч, кој возел Шевролет Тахое раскажува дека веднаш штом слушнал бучава над главата, сфатил дека треба да се премести од местото на кое се наоѓал, пишува „Дејли Меил“.

Во Струга убиен Дилавер Бојку Леку

0

Познатиот осуденик за нелегална проституција од струшкото село Велешта, Дилавер Бојку – Леку, пред еден час бил убиен пред својата кафеана на плажа во Струга, јавуваат дел од македонските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу. Се наведува дека Бојку бил застрелан со куршум во главата и оти полицијата врши увид.

Димовски: СДСМ не се откажаа од идејата да носат антидржавен закон за двојазичност на цела територија на Република Македонија

0

Колегите од СДСМ конструктивно се откажа од дискусијата за разрешување на Марко Зврлевски, но исто така колегите од СДС конструктивно се откажаа од дискусијата за информацијата за пожари, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешното продолжение на собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител.

– Конструктивно се откажаа од отворената дискусија со договорот со Бугарија, одбегнуваат да дискутираат за плановите на Владата на Република Македонија за населување на неколку десетина илјади мигранти и делење на државјанства на мигранти. Конструктивно се откажаа од иницијативата да дискутираме за проблемот со депонијата во Струга, од идејата да дискутираме за продолжување на породилното отсуство, од идејата да дискутираме за зголемување за 5% на платите на вработените во армија, полиција здравство, образование, истакна Димовски.

Димовски додаде дека пратениците од СДСМ не се откажаа од идејата да ги сменат сите директорски позиции во Република Македонија, од идејата да ги кршат законите кога назначуваат в.д. раководители надвор од институциите и дека во градовите низ Македонија има преку 500 спротивни на закон назначувања.

– Не се откажаа од идејата со антидатирања да назначуваат лица и во неделата после распишување на изборите. Назначуваат лица за раководители на институции една недела после распишување на изборите и ги антидатираат документите на 5-ти август и претходно заради тоа што дека членот 8-а важи за сите. Тоа прашање еден ден ќе се отвори зошто сите документи се антидатирани, рече Димовски.

Димовски исто така потенцираше дека СДСМ воопшто не се откажаа од идејата да снема 177 милиони евра од државните девизни резерви и дека не се откажаа од идејата за 101 милион да го зголемат задолжувањето на Република Македонија, а утре е планирано ново од 44 милиони.

– Не се откажаа од идејата македонскиот јазик да биде понижен и ставен како јазик од втор ред при вчерашната прослава, не се откажаа од идејата да носат антидржавен закон за двојазичност на цела територија на Република Македонија, нагласи Димовски.

Таравари преку ФБ им одговори на ВМРО – ДПМНЕ

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари, преку својот ФБ профил им одговори на ВМРО – ДПМНЕ. Во неговиот статус стои:

Здраво ВМРО,

Тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација.
Како второ, кажете која е пациентката што починала од труење на крвта, има ли име и презиме, ако има треба да се пријави во надлежните институции за да се превземаат мерки! Меѓутоа и вие знаете дека нема таков случај.
Како трето, вие немате кредибиитет и релевантност да зборите за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе….место да измислувате приказни за деца, почнете да се реформирате и да ги исчистите своите реедови од криминалци и лопови, бидејќи знам дека и меѓу вас има чесни и добри луѓе, кои треба да ја водат конструктивната опозиција.
И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е.

Дачиќ: Косово нема да влезе во УНЕСКО

0

Cрпскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека во септември со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе присустува на седница на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ќе бидат продолжени разговорите со државите за прашањето за барањето за зачленување на Косово во УНЕСКО.

Тој на годишнината на одбележувањето и поменот за убиените српски деца во Гораждевац ја нагласи силната дипломатска активност, кога е во прашање лобирањето меѓу државите-членки на ОН против приемот на Косово во УНЕСКО.

Дачиќ нагласи дека Косово во УНЕСКО нема да биде примено, бидејќи сега против тоа ќе бидат и оние држави кои биле воздржани.

Во тој контекст, додаде тој, Србија по тоа прашање веќе го победила Стејт департментот, кој претходно, како што рече „правел список со држави кој како ќе гласа“.

Тој истакна дека Србија испратила свои претставници во дваесетина земји за да лобираат против гласањето на тие држави за прием на Косово во УНЕСКО, напоменувајќи дека многу држави всушност не знаат за кој проблем станува збор.

– Тоа не се пратеници, кои ќе решат некои проблеми. Треба да информираат некои земји за што станува збор. Ако не сте биле во посета на Узбекистан 25 години не можете да очекувате од него да гласа против приемот на Косово во УНЕСКО, појасни Дачиќ.

Дачиќ исто така потсети дека редовната полугодишна сесија на Советот за безбедност на ОН, посветена на Косово ќе се одржи на 16 август

Стружанец пазарел со фалц илјадарка

MВР информира дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стружанецот Ј.Ѓ. на возраст од 42 години, во маркет во Струга пазарел со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.
МВР информира дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Али Ахмети – Имплементацијата на Охридскиот Договор, заслуга на албанските политички партии

Oхридскиот Рамковен Договор немаше да се реализира до оваа фаза без помошта на албанските политички партии во Македонија. Оваа го изјави лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети.

Си нашол помлада девојка и ја избркал сопругата: Следниот ден гледал ТВ и останал во шок!

0

Холанѓанка која, за време на бракоразводната парница, на лото освоила 2,1 милиони евра, позитивно ја изненадила пресудата на холандскиот суд по која не мора да ја подели со поранешниот сопруг кој отишол со помлада жена.
Во објаснувањето на Амстердамскиот суд стои дека брачниот пар направил попис на имотот кои требало да се подели во моментот кога е поднесено барањето за развод -20.10.2014, а разводот на бракот е одобрен во јуни 2015 година.
Холаѓанката 2,11 милион евра на лотаријата ја освоила 1.јануари 2015 година.
Во бракот не им се посреќило
Пресудатa на нејзиниот поранешен сопруг не му одговарала, па нaвел дека тој и поранешната сопруга во текот на триесетгодишниот брак секогаш уплатувале на игри на среќа со заеднички пари од дома и смета дека добивката треба да биде поделена.
Судијата одговорил дека имал увид на фактот дека холандскиот пар ги поделил заедничките финансии најмалку четири години порано, зашто отишол да живее со новата партнерка. неговататогашна сопруга, истакнал судијата, лотото го уплатила со пари од сопствената банкарска сметка, поради што добивката не е заедничка.
Пресудата е донесена на 23 декември, а објавена во вторниот. Судијата го поделил преостанатиот имот во вредност која вкупно изнесува од 10.000 евра.

Експлозија во Охрид: Едно лице повредено

0

Експлозијата се случила околу 23 часот, во стан на прв кат на улицата „Сатеска“, кога дошло до силна детонација што предизвикала и материјална штета на објектот и на возилата паркирани во непосредна близина, како и вознемиреност кај жителите на станбената зграда.

Набргу по детонацијата на самото место пристигнала екипа на територијалната противпожарна единица која го изгаснала пожарот, како и полиција која изврши увид што треба да ги покаже причините и околностите за настанот. Првично се проценува дека станува збор за експлозија на неисправна боца за плин.

Инаку, повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид со полесни телесни повреди и е надвор од животна опасност.

ФОТО: Заев ја следи модата на Еди Рама

0

Ниту еден политички потег не го прослави албанскиот премиер толку многу колку што го прослави модниот избор на официјалните средби со европскиот и американскиот политички врв. Европејците му прогледаа низ прсти, кај Американците не помина албанската лежерност, но секако најголем успех за албанскиот премиер е тоа што доби следбеник.
Вечерва неговиот колега Зоран Заев е на трибините на арената „Филип Втори“ и во друштво на Талат Џафери ужива во европскиот фудбалски спектакл.

-Нашето остро око забележа дека за оваа пригода Заев избрал полежерен модел обувки, како што обично носи и неговиот колега Рама. Сепак, Заев не се осмелил да облече бели обувки, туку црни со бела гума, пишува Република.

За првпат и не е малку, а изгледа на добар пат е да стане Рама.

Суперкупот ја исплати Арената „Филип Втори“: 20 милиони евра ќе влезат во Македонија поради натпреварот меѓу Реал и Јунајтед

0

Според прогнозите, турнистите кои специјално ќе бидат во земјава за мечот од Суперкупот ќе потрошат меѓу 15-20 милиони евра во хотелите, рестораните, за посета на културните знаменитости, транспортсни услуги, шопинг центри… Ова се проценките на порталот „Маркетинг 365“, пренесува Фудбалската федерација на Македонија на својата интернет страница.

Ова е уште еден математички доказ на исправноста од одлуката да се вложи во реновирање, надградба и доградба на стадионот во Скопје кој од Градски стана Арена „Филип Втори“. Вложувањето во спортот, особено оваа одлука, беа често жестоко критикувани од тогашната опозиција, меѓу кои предничеше градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, сеејќи паника дека северната трибина можела да падне и да се сруши.

Но, наместо неговите црни сценарија, Скопје и Македонија заблескаа во златен сјај со добивањето организација на овој најголем спортски настан кој се случил во историјата на нашата држава кој според проценките, само за овој натпревар ќе придонесе во инкасирање на 20 милиони евра свеж кеш во нашата земја.

Се разбира дека тоа немаше теорија да се случи доколку во Скопје го немавме новиот стадион кој со само еден организиран натпревар на него во Македонија врати 20 милиони евра. Без оглед на политичката определба во табори, ова е уште еден доказ за далековидоста и економското знаење на Владата која ја предводеа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Пукање од автомобил во движење во Скопје- едно лице рането

0

Како што информира денеска МВР, инцидентот се случил вчера околу 17:00 додека Н.А. (37) се движел со своето возило по улицата „Алија Авдовиќ“.

Непознатото лице го напуштило местото на настанот.

Повредениот Н.А. (37) бил погоден со проектил во пределот на левиот колк, а со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентениот центар. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ДРАМА НА СВАДБА: Почитувани гости, младенците се разелија, но вие сакате да продолжиме или не?

0

Една свадба во регионот на косовскиот град Призрен, заврши речиси не почната. Млада брачна двојка се раздели на самиот ден на свадбата, во мигот пред да влезат во салата за прослави, која беше преполна со гости во очекување на младенците, објави порталот Албеу.

Според истиот извор, гостите ги очекувале младенците да влезат во салата, кога пејачот ги известил дека тие се разделиле, но и веднаш ги прашал сватовите дали сакаат да проджат со веселбата или не.

– Почитувани гости, младенците се разелија, но вие сакате да продолжиме или не?, прашал пејачот.

На ова, според порталот, сватовите гласно извикале: „Даааа!“. – Вакви нешта се случуваат, а ние ќе продолжиме да се забавуваме, изјавил еден од сватовите и продолжил со орото.

Роналдо сепак доаѓа во Скопје

0

Иако беше најавувано дека најголемата ѕвезда на Реал Мадрид нема да дојде во Скопје, сепак Кристијано Роналдо ќе биде дел од „кралскиот тим“ на утрешниот УЕФА Супер куп натпревар против Манчестер Јунајтед.

Роналдо е во составот на Зинедин Зидан, кој утре ќе биде на арената „Филип Втори“, но засега не се знае дали ќе игра.

Роналдо, кој имаше продолжен одмор поради настапот на Португалија на Купот на Конфедерации, почна да тренира пред два дена, но сепак се најде во составот од 24 фудбалери, објавен денеска, со кои европскиот првак ќе допатува во Македонија.

Во составот се наоѓаат: Навас, Касилја, Лука – голмани; Карвахал, Валјеро, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Тео, Ахраф – одбрана; Крос, Модриќ, Касемиро, Маркос, Асенсио, Иско, Ковачиќ, Себалос – среден ред; Кристијано Роналдо, Бејл, Бензема, Лукас, Мајорал – напад. Тренер: Зинедин Зидан.

Фановите ги чекаат Кралевите и Ѓаволите на скопскиот аеродром

0

Неколку стотини верни навивачи на Манчестер Јунајтед и на Реал Мадрид, кои утревечер во Скопје ќе играат за Супер Купот 2017, се собраа на скопскиот аеродром „Александар Велики“ да ги пречекаат своите миленици.

Според строгите правила, пристап е дозволен само во делот на терминалите за пристигнување и, според најавите, силното обезбедување нема да дозволи никаков пристап до светските фудбалски ѕвезди од двата тима.

Заев: Со законот ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници

0

Со усвојувањето на Законот за употреба на јазиците се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Македонија. Сите одредби во законското решение се согласно членот 5 од Уставот, а пакетот законски решенија го упатуваме на усвојување во парламентот. Откако ќе биде усвоен тој ќе биде испратен на разгледување пред Венецијанската комисија, со предложените отворени прашања кои не се дел од овој закон, изјави во Охрид премиерот Зоран Заев. Тој заедно со вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика дадоа појаснувања во врска со вчера усвоеното законско решение.

Џафери утре ќе ги распише локалните избори

0

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, утре напладне ќе ги распише локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври, соопштија од неговиот кабинет.

Изборната кампања, според најавите, треба да започне на 25 септември.

На изборите, ќе се бира градоначалник на Град Скопје, градоначалници на општините, како и членови на општинските совети.

Заев: Нема причини за одложување, локалните избори ќе се одржат на 15 октомври

0

Парламентарните партии во Македонија се договорија локалните избори да се одржат на 15 октомври, а досега не гледам никакви причини за нивно одложување, изјави во Охрид премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Постапките за избори партиите ги започнаа порано, затоа што имаше други датуми за дефинирање на кандидатите за градоначалници, кои потоа беа прекинати поради развлекувањето на изборот на Влада и формирањето на парламентарното мнозинство. Јас мислам дека утре претседателот на Собранието ќе донесе решение за распишување на локалните избори коишто согласно законот е дефинирано да бидат распишани од 70 до 90 дена до денот на нивно одржување, рече Заев.

Запрашан со кој кандидат СДСМ ќе оди на локалните избори во Охрид, Заев истакна дека за тоа ќе одлучат анкетите. „Да ги видиме најдобрите кандидати, не за Заев. Спасовски, Шекеринска, туку за граѓаните, да видиме кој кандидати тие ги сакаат за татко или мајка на градот“, рече Заев.

ВИДЕО: Сообраќајна несреќа кај хотел Континентал со неколку луксузни возила

Тешка сообраќајна несреќа кај хотел Континентал во правец кон Бит Пазар во која учествувале неколку луксузни возила меѓу кои БМВ, Мерцедес.

Засега не се познати причините за сообраќајната незгода ниту пак дали евентуални жртви и повредени лица.



01020304050607

Османи и Адеми на албански јазик ја соопштија веста за законот на Фејсбук

Вицепремиерот Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми на албански јазик ја соопштија веста дека на вечерашната владина седница поминал Законот за употребата на албанскиот јазик.

Вицепремиерот и министер за евроинтеграции Бујар Османи на својот Фејсбук профил напиша дека предлог законот поминал и дека го содржи знакот на Европската унија, што значи дека станува збор за приоритетен закон кој треба да се донесе преку брза постапка. Османи напиша дека со ова практично сме на чекор до затворање на едно од главните прашања од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Едмонд Адеми, пак, порача:

„Законот за јазици е дел од владината програма, меѓу коалиционите партнери и е резултат на заедничка работа. Секое друго толкување е поврзано со популизам. Затоа, оставете го тоа настрана“.

Аларматна состојба со пожарите – вечерва гори на 25 локации

0

Активни се повеќе пожари во неколку плански региони во државата – северниот (скопски), тетовско-полошкиот, југозападниот и повардарскиот плански регион.

Центарот за управување со кризи соопшти дека се уште е активен пожарот во атарот на селата Требовље и Растеш и во негово гаснење се ангажирани АРМ, два хеликоптери (интервенирале попладнето), месното население од селата и доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје.  Пожарот од атарот на сeло Растеш, како што се наведува, се проширил во атарот на село Волче, а не се исклучува можност да се прошири и во атарот на населените места Битово и Заград.

Пожарот на атарот на селото Близанско, местата викани Брдо и Круша повторно се активира и се движи кон местото викано Фојник.

Во гаснењето на пожарот во село Девич ангажирани се лица од Шумско стопанство „Сандански“ – Македонски Брод и пожарот го контролираат и горните куќи од селото не се загрозени, но пожарот е активен и со намален интензитет на местото викано Попец.

Од ЦУК посочуваат дека на пожарот во атарот на село Могилец интервенираат Територијалната противпожарна единица Македонски Брод, лица од месното население и лица од Шумско стопанство „Сандански“. Пожарот, како што се истакнува, се шири кон атарите на селата Клуќерец и Инче кон местото викано Даб, како и кон атарот на село Модриште. Гори дабова и борова шума. Од 17 часот интервенираат и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. Во село Могилец опожарени се две напуштени дотраени куќи, три куќи во кои живеат луѓе од селото и една куќа е делумно оштетена. Интервенира и Територијална противпожарна единица Прилеп.

Попладнето се појавил појавил пожар кај село Осинчани, за што испратена е екипа од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје да интервенира. Во овој реон избувнал пожар и кај село Јаболце во општина Сопиште. Примена е дојава и за пожар над село Волково за што се известени Шумско стопанство Караџица и БППЗ на град Скопје во општина Ѓорче Петров. Исто така, примена е дојава за пожар над селото Бојане кон селото Копаница во општина Сарај, истакнуваат од ЦУК.

Оттаму потенцираат дека пожарот кај село Орешани е активен, попладнето ја поминал Орешанска река и оди кон село Вражале. Зафатена е нискостеблеста шума – смрека. Исто така, има дојава дека пожарот на Матка повторно се активирал. Според информациите од теренот, пожарот ја сменил насоката кон манастирот Шишевски. Екипа на ЈП „Паркови и зеленило“, како што се посочува, веќе работи на сртот бидејќи теренот е непристапен.

Пожарот кај Барово брзо се разгорува и може да ја зафати боровата шума кон Водно. На лице е упатена екипа од ЈП „Паркови и зеленило“.

За пожарот кај село Моране, дејствуваат екипи на БППЗ. Покрај ова БППЗ надвор од градот имаат екипи во Долна Матка, селата Рашче и Елово во општина Студеничани, како и во село Никиштани во општина Ѓорче Петров).

Пожарот во атарот на село Подвис се уште е активен. Од ЦУК информираат дека гори нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа. Поради високите температури, правецот на ветерот и непристапноста на теренот отежнато е гаснењето. Пожарот се шири од пределот по ридот према село Алданци. Во соработка со ЕЛС Крушево, во раните утрински часови ќе бидат испратени екипи од ТППЕ и ЕЛС Крушево за негово гаснење. Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани, е активен и веќе се проширува на горниот дел на планината. Зафатена е претежно ниско стеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Екипата е се уште на местото на настанот, а се работи за непристапен терен.

Во реонот на Тетово, како што се наведува, активни се два пожари на отворен простор и тоа над село Копанце, каде гори површина обрасната со сува трева и ситна деградирана шума на планината Жеден. Истиот по сртот на планината е проширен кон село Туденце, а се движи и во правец на село Бојане во општина Сарај.

Во атарот на село Гургурница во општина Брвеница активен е пожарот со кој гори сува трева и пасишта. Во гаснење на пожарот учествуваат лица од месното население. Во општина Гостивар, активен е пожарот во атарот на село Корито, каде нема можност да се интервенира, истакнуваат од ЦУК.

Активен е и пожарот во атарот на село Дреново, во месноста Дреновска Корија и е зафатена шума под даб, јасен и бука, на голема површина. Во меѓувреме појавени се уште два пожара на блиска локација. На терен биле лица од Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес. Пожарот полека се движи кон планината Лисец.

Пожарот во атарот на с.Богомила кој се закануваше да го зафати манастирот „Св.Спас“ и селото Богомила е изгаснат со помош на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и екипи на Шумско стопанство. Другиот дел од пожарот е активен и се движи кон прилепска страна. Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење, соопштија од ЦУК.

Вардар го извлече Фенербахче, Шкендија против Милан

0

Македонските претставници во Лига Европа, Вардар и Шкендија, на денешната ждрепка во Нион добија атрактивни, но исклучително тешки противници. Фенербахче, односно Милан, се ривалите на Вардар и Шкендија.

Двата клуба (Фенербахче и Милан), кои имаат многубројни свои симпатизери во Македонија, ќе се соочат со Вардар, односно Шкендија, во плејофот за пласман во главната фаза во Лига Европа.

Според денешната ждрепка, Вардар и Шкендија ќе бидат домаќини во првите натпревари.

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 август, а реваншите се на програмата на 24 август.

Откриен човечки труп по гаснењето на пожарот во Љуботен

Во Љуботен било откриено човечко тело кога бил изгаснат пожарот што горел на ливада.

Според информациите на МВР, вчера во 23:30 часот во полиција било пријавено дека во село Љуботен била запалена меѓа од ливада.

Кога пожарот бил изгаснат, откриено е изгоренo човечкo тело.

Идентитетот на жртвата не е познат. Исто така, не е познато дали човекот загинал во пожарот или смртта настапила пред да биде разгорен огнот.

Телото е предадено на обдукција, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Киднапирано, па ослободено 16-годишно девојче во Гостивар

Во полициската станица во Гостивар е пријавен случај на киднапирање на 16-годишно девојче.

Настанот се случил вчера, околу 20:40 часот, кога од МЦ Гостивар се јавиле во ПС Гостивар и пријавиле дека кај нив за преглед се јавило 16-годишно девојче од гостиварско село и им кажале дека била противправно лишена од слобода.

По извршениот разговор во присуство на работник од Центарот за социјални работи, девојчето изјавило дека истиот ден, околу 17:00 часот, на враќање од продавница, во близина на нејзината куќа, застанало ПМВ во кое имало три непознати лица, од кои еден на сила ја внел во возилото.

По кажување на истата, со возилото се возеле околу 20 минути во непознат правец, по што влегле во напуштена хала, од каде околу 19:00 часот ја вратиле дома.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Кривична против скопјанецот кој силуваше 6-годишно девојче

Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот што минатиот месец силуваше шестгодишно дете, со кое бил во роднинска врска.

Против Б.М. (25) е поднесена пријава за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Според информациите на МВР, на 27 јули, во село Скопско Поле, на место наречено Кучманово, пријавениот, кој живее во ист двор со семејството на детето и се роднини, забележал деца како играат, меѓу кои била и жртвата.

Тој го замолил девојчето да му наполни вода, а по кратко време откако тоа влегло во куќата на пријавениот, тој извршил полови дејства над него.

Тетовец сам се застрелал со пиштол

Триесет и седумгодишен жител на тетовското село Чифлик се застрелал со пиштол додека проверувал дали има куршум во цевката.

Според информациите на МВР, вчера, во 15 часот, во село Чифлик, Тетовско, Х.М. (37) сам се повредил со пиштол.

Откако ги однел членовите на семејството на свадба кај својот чичко, се вратил дома со цел да провери дали е сè затворено и од спалната соба земал пиштол „ЦЗ“ калибар 9 мм и се упатил на свадба.

При проверка дали пиштолот има куршум во цевката, пиштолот испалил, по што Х.М. се застрелал во нога.

Тој е префрлен во Клиничка болница Тетово.

Македонија

Трет обид за судење за грабежот на Тутунска банка

Yтре треба да започне судскиот процес за најголемиот грабеж на пари во историјата на Македонија, кога од сефот на НЛБ „Тутунска банка“ беа украдени...

Спасовски: Одговорно тврдам дека во МВР веќе не се прислушува нелегално

Oдговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време. Ние стоиме на располагање...

Златна „Камера 300“ за кинематограферот од Унгарија Марсел Рев

арсел Рев од Будимпешта, кинематографер во филмот „Месечината на Јупитер“ на водечкиот режисер Корнел Мундрузо, кој годинава се натпреваруваше и на фестивалот во Кан,...

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНO ИНТЕРВЈУ/ Хасани: Тетовската интервентна кардиологија спасува многу животи

октор Ваљон Хасани- специјалист интернист кој субспецијализира кардиологија, веќе 4 години работи на одделот за Интервентна медицина во Тетовската болница. Бојана Симоновиќ Со оглед на тоа...

Амди Бајрам: Животот беше со нас, не со нив, Роми останете лојални на ВМРО-ДПМНЕ

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го одржа во Тетово, се обрати и нивниот коалициски партнер Амди Бајрам, кој вели дека сите треба да гласаат...